Љубов и Секс

Хороскопски знаци кои би раскинале откако ќе „попушти“ пандемијата

Хороскопски знаци кои би раскинале откако ќе „попушти“ пандемијата

Овие хороскопски знаци имаат најголеми шанси да раскинат откако ќе поминат стегите на пандемијата.

Во време на рестрикции предизвикани од пандемијата, луѓето се фрустрираат и параноично размислуваат за ситуацијата и за иднината. Пандемијата на коронавирус донесе низа рестрикции, од социјална дистанца до локдаун и карантин, а исто така ги ограничи контактите со најблиските.

Но, и времето поминато само на едно место, со една личност може да има последици кај партнерите кои живеат заедно, особено ако пандемијата ги фати „неподготвени“, па одлуката да живеат заедно се претвори во „100% брачна состојба“.

Во поглед на она што го кажуваат ѕвездите, постојат три хороскопски знаци кои најверојатно би ја раскинале врската кога ќе „попушти“ пандемијата.

Овен
Овните се вистински екстроверти кои си ја сакаат независноста, па затоа и карантинот им паѓа толку тешко. Тие се чувствуваат заглавени дома бидејќи им е забранета слободата. По овој период, тие би можеле да станат импулсивни, а таквото однесување може да доведе до кавги и раскинувања.

Близнаци
На Близнаците сѐ им здосадува брзо и постојано копнеат по нови познанства и искуства. Многу е веројатно дека по завршувањето на пандемијата, тие ќе сакаат да започнат нови авантури.

Водолија
Луѓето родени во овој знак ја ценат слободата и се чувствуваат заробени кога се во карантин. Откако ова ќе заврши, Водолиите ќе побегнат од сите видови на одговорности и ограничувања и ќе сакаат да истражуваат нови работи во животот. За да го постигнат ова, тие најверојатно ќе го напуштат својот партнер и ќе тргнат во потрага по нова љубов.

извор: кајгана.мк

To top