Љубов и Секс

Хороскопски знаци и неверство: Вагата го понижува партнерот, Рибите се одмаздуваат

Хороскопски знаци и неверство: Вагата го понижува партнерот, Рибите се одмаздуваат

Тешко е да се соочите со фактот и да прифатите дека вашиот партнер ве изневерил. Луѓето реагираат различно на неверството, некои можат да простат, додека други ставаат крај.

Како хороскопските знаци се справуваат со неверство?

Овен

На Овните им е најважно да сте искрени и верни. Ако го упропастите ова, ќе се сносите со сериозни последици. Овнот е подготвен да ги повика и вашите родители и пријателите и да им раскаже што сте му направиле, а ќе објави и на социјалните мрежи. Сите ќе дознаат што се случило.

Бик

Ако го повредите Бикот, бидете подготвени дека ќе ви се одмазди. Нема да се смири додека не види дека страдате. Нема да заборави дека сте го повредиле и внимателно ќе чека шанса за да ви се одмазди, многу полошо отколку што можете да замислите. Ќе вложи време, енергија за да направи детален план, а тогаш ќе ви се одмазди.

Близнаци

Близнаците се одмаздољубиви. Ако ги изневерите – ќе уништат сè што сакате. Толку многу ќе се налутат што нема да знаат како се однесуваат, а откако ќе размислат за тоа што се случило ќе бидат уште полути.

Рак

Раковите ќе ви се одмаздат на најлошиот можен начин, ќе ве натераат да имате грижа на совест. Немојте да се изненадите доколку му раскажат на вашето семејство што сте направиле и колку се разочарани.

Лав

Лавот најверојатно нема да ви прости, но доколку се случи тоа, ќе мора одново и одново да му докажете дека се каете за да ја вратите изгубената доверба.

Девица

На почетокот Девицата ќе биде збунета, ќе размислува дали е таа виновна. Кога ќе сфати дека не е, ќе ве мрази и ќе ве избрише од животот. Ќе ви одзеде нешто што многу го сакате.

Вага

Вагата ќе најде начин како јавно да ве понижи. И навистина ќе ужива во тоа.

Скорпија

Скорпијата ќе се однесува како воопшто да не ѝ е гајле, иако не е така. Ќе најде начин да смисли како да ви се одмазди.

Стрелец

Ако дознае дека сте го изневериле, Стрелецот нема никогаш повеќе да комуницира со вас. За него приказната е завршена.

Јарец

Јарците не простуваат неверство. Никогаш нема да ви дозволат да бидете во близина, ќе продолжи да живее без вас, ќе страда, но никогаш повеќе нема да дозволи да му се јавите.

Водолија

Водолијата ќе полуди, ќе направи сцена, а кога ќе се смири – ќе си замине засекогаш.

Риби

Рибите се големи емотивци. Тие ќе плачат со денови и нема да можат да сфатат што всушност се случило. Откако ќе им помине тажниот период, настапува бесот. Ќе ви вратат за сè што сте им направиле и ќе продолжат понатаму.

извор: кајгана

To top