Доктори случајно ја откинале главата на бебе која се заглавила за време на пораѓање, пренесува Дејли Меил. Инцидентот се случил откако лекарите се бореле да породат жена во една болница во Тартагал на северозападот на Аргентина.
Главата на бебето останала во утробата на мајката, подоцна е извадена по природен пат, како што стои во извештајот. Мајката на бебето Рејна Наталија Валазкез и нејзиниот сопруг објавиле детали за трагедијата и поднеле пријава против лекарите кои ја породувале. Рејна Наталија (30) од Буенос Ариес била во 22. недела од бременоста кога добила контракции за време на Божиќните празници.
Итната помош ја однела во болницата Хуан Доминго Перон каде медицинскот тим одлучил поради големината на бебето да ја породуваат на природен начин. Но поради тоа што прво излегло телото на бебето, главата останала заглавена.
Госпоѓата Велазкез рекла дека нејзиниот сопруг заминал да купи пелени и кога се вратил затекнал како лекарите го држат обезглавеното тело на неговото дете. Во интервју за Ел Грито Салта, мајката вели дека ги обвинува лекарите кои ја породувале.
– Знаев дека моето бебе е живо, бидејќи направив тест пред да стигнам во болница и неговото срце чукаше. Истото го покажа и тестот кој ми го направија кога стинав во болницата.
Кога му пукна водењакот, докторот ме одведе во соба за породување, и почна да го извлекува бебето, иако јас не чуствував болки. Барав царски рез, но ми рекоа дека нема кој да му помогне околу тоа. Но кога главата на бебето остава во мојот стомак веднаш најдоа некој кој може тоа да го направи – рекла таа.
Сега бара правда за овој случај кој би можел да се случи на било која жена. Оваа мајка смета дека треба да се отпуштат лекарите и сестрите кои учествувале во нејзиното породување. Бебето утредента им го предале во бел ковчег. Тоа било нејзиното прво дете па болката на овие родители не може да се опише со зборови.
Директорот изјавил дека на мајката не и направиле царски рез бидејќи била отворена 11 сантиметри.
– Бебето било свртено наопаку, па прво излегло телото. Кога на ред стигнала главата, дошло до грчеви на матката, која ја притиснала главата и останала во утробата на мајката – изјавил директорот.
Обвинителството во Аргентина потврдило дека е покрената истрага за смртта на бебето. Директорот додал дека нема да ги суспендира лекарите и сестрите се додека не се докаже нивната вина.