Презентерката на аргентинскиот Канал 26, Ноелија Новиљо, ги насмеа социјалните мрежи кога пренела дека починал Вилијам Шекспир, „еден од најважните писатели на англиски јазик“.
Всушност, станува збор за негов истоименик – 81-годишниот Вилијам Бил Шекспир кој почина во болница во Англија во четвртокот. Писателот Шекспир почина во 1616 година.
Но, тоа очигледно било новост за Новиљо.
„Добивме вест која нè шокираше сите нас, со оглед на тоа дека станува збор за голем човек. Зборуваме за Вилијам Шекспир и неговата смрт. Ќе ви раскажеме како и зошто се случило тоа“, вели презентерката на почетокот, а потоа продолжува:
Gracias por tanto, internet. pic.twitter.com/O4RpS1t1mH
— Alejo Schapire (@aschapire) May 28, 2021
„Како што сите знаеме, тој беше еден од најважните писатели на англиски јазик. Беше првиот човек кој ја прими вакцината против коронавирусот. Почина во Англија на 81-годишна возраст“.
„Монтеки и Капулети отишле на неговиот погреб“, напишал еден Твитерџија алудирајќи на семејствата на Ромео и Јулија, а друг додал: „На Британија ѝ беа потребни 4 века да предупреди на постоење на вирусот, а покрај тоа ја обвинуваат Кина“.
Вилијам Бил Шекспир, поранешен работник во Ролс Ројс, е првиот човек на светот кој ја прими вакцината против Ковид-19. Тој почина во четвртокот, а како што наведоа странските медиуми, причината за неговата смрт не е поврзана со коронавирус.
извор: точка.мк