Радио Милева 2021 е нејзина година

Грст честитки пристигнаа на нејзина адреса: Александра Илиевска имаше два поводи за славње – „Година полна со љубов“

Грст честитки пристигнаа на нејзина адреса: Александра Илиевска имаше два поводи за славње – „Година полна со љубов“

За водителката Александра Илиевска уште стартот на 2021 година беше убав.

Имено, кон крајот на првиот месец односно кон крајот на јануари Александра и нејзиниот сопруг Александар за првпат станаа родители на ќеркичката Сара.

Ова е нивно прво дете, а отогаш тие уживаат во својата нова љубов.

Александра е активна на социјалните мрежи и речиси секојдневно споделува заеднички фотографии со наследничката, но се уште не го покажува нејзиното лице.

Неодамна тие беа и на првиот заеднички одмор, а водителката на својот Инстаграм сподели и по некоја фотографија.

фото: инстаграм/александра илиевска

Изгледа оваа година за Александра е полна со прослави, славења, но и полна со љубов.

Имено, деновиве тие имаше два убави поводи за славење.

Александра и Александар прославија пет години од бракот, а токму по тој повод таа се огласи на својот Фејсбук споделувајќи заедничка фотографија, а во описот напиша:

„Денес славиме 5 години брак“, напиша таа и се пофали дека од своите спонзор пријатели добила персонализирана кутија со фотографија од свадбата.

фото: фејсбук

По прославувањето на годишнината, Илиевска имаше уште еден повод за славење односно нејзиниот роденден.

На нејзиниот „Фесјбук“ осамнаа бројни честитки од нејзините виртуелни пријатели, а водителката без комплекси објасни колку наполни.

Поточно кажано бројот на годините таа ги стави како насловна страница на Фејсбук, односно 36.

„Година полна со љубов“, напиша како објаснување на објавата.

фото: фејсбук

Дефинитивно 2021 година е во корист на Илиевска, па како што започна година, така продолжи, а се надеваме и во следните месеци ќе продолжи со убави поводи за славење и радување.

Инаку, Александра од претходната сезона не е дел од тимот на Брза кујна бидејќи замина на породилно, а неа ја заменува нејзината колешка Сања Савеска која останува во кулинарското шоу и следната сезона.

To top