Постојат и работи кои што ние ги правиме и се земаат како грешки, а во тој момент не сме свесни за тоа. Таквите грешки може да ја уништат и најдобрата врска.
Во продолжение следат некои работи за кои не сме свесни или не признаваме дека се грешки, а сепак може да и наштетат на врската.
Преправањето дека е се во ред и дека во вашата врска е се најдобро, а не е така. Тоа може да го изнервира вашиот партнер. Не правете го тоа. За проблемите во врската отворено разговарајте со партнерот.
Никој не сака да биде критикуван. Тоа што вашиот партнер ќе ја премолчи критиката која што сте ја упатиле кон него не значи дека сте во право. После неколку такви премолчени ситуации на партнерот ќе му се смачи и ќе стави крај на врската, сакале вие или не.
Комуникацијата е најбитна во секоја врска. Ако таа е нејасна, не е ни чудо ако постојано се расправате. На крајот на краиштата, доколку не му објасните добро на партнерот, тој не е видовид, па да може да ги чита вашите мисли.
Не мора вашиот партнер да знае се за вашите поранешни врски. Колку и да се со лоши или добри спомени едноставно некогаш треба да ги премочите. Ако сакате да ги кажете за да ви олесни на душата, тука секогаш се пријателите на коишто може да им се доверите.
„За танго се потребни двајца” вели една изрека. Така и за љубов се потребни двајца. Секогаш е подобро кога љубовта е обострана. Само губење на време е кога едниот се труди врската да успее.
За крај, ако вашиот партнер има слаби страни и вие знаете кои му се, немојте да ја злоупотребите положбата и да му ги кажете в лице кога се расправате. Тоа само ќе создаде дополнителен гнев кај партнерот, а и крајот на врската после тоа е неизбежен во поголем број ситуации.