Живот и Стил

Греено вино: Есенски пијалак кој го чува здравјето на срцето

Греено вино: Есенски пијалак кој го чува здравјето на срцето

Грееното вино е традиционален пијалак кој се пие во есен и зима, најмногу за време на празниците.

Традицијата за подготовка на грееното вино доаѓа од Северна Европа.

Грееното вино е добро за здравјето на организмот. Ги штити срцето и крвните садови. Го спречува воспалението и помага за проблемите со висок притисок. Може да го користите и за да ги ублажите симптомите на настинка и грип.

Како да го подготвите овој вкусен пијалок?

Состојки:

  • Четири лимони
  • Два портокали
  • Две шишиња црвено вино
  • 1,2 литри вода
  • 16 каранфилчиња
  • Две стапчиња цимет
  • 150 гр. шеќер

Начин на подготовка:

Истурете вино и 1,2 литри вода во сад со поклопец. Додајте кора од портокал, каранфилче и стапчиња цимет.

Почекајте да зоврие, а потоа намалете ја температурата и оставете го на огин еден час. Засладете со шеќер според вкус. Послужете со портокали и лимони.

To top