Радио Милева
војна за гледаност...

„Гранд продукција“ се јави со демант: Јелена Карлеуша ја (из)мами јавноста дека нејзиниот концерт е погледан од „Ѕвездите на Гранд“!

„Гранд продукција“ се јави со демант:  Јелена Карлеуша ја (из)мами јавноста дека нејзиниот концерт е погледан од „Ѕвездите на Гранд“!

„Првата емисија од новата сезона на популарното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ започна, како и сите претходни сезони, победнички!“  –  со овие зборови „Гранд продукција“ го започнува својот демант на објавата на Јелена Карлеуша дека нејзиниот концерт кој во исто време одеше во ТВ етерот само на различни телевизии, бил погледан од премиерното издание во новата сезона на најгледаното регионално музичко талент шоу, од кое и самата беше дел некогаш.

„Од самиот почеток на емитувањето на емисијата, ТВ Пинк се позиционираше како најгледана телевизија, вклучувајќи ги сите други комерцијални радиодифузери, како и Јавниот сервис. За жал, добиените податоци и послужија на пејачката Јелена Карлеуша, која емитуваше солистички концерт на ТВ Прва, со фотошоп да го смени графикот, а со тоа да ја измами нацијата тврдејќи дека нејзиниот настап на споменатата телевизија е најгледан.

Во прилог на фактите ги доставуваме графиконите на агенцијата Орион, која ја мери моменталната гледаност, каде јасно се гледа дека „Ѕвезде Гранда“ е убедливо најгледаната емисија, а сите останати ги оставиле далеку зад себе! Исто така, утринава прелиминарно пристигна графиконот на агенцијата за мерење публика АГБ Нилсен, на кој јасно се гледа дека „Ѕвезде Гранда“ забележала удел од 23, додека Јелена Карлеуша на ТВ Прва остварила едвај 5 отсто и, што ќе се случи утре, на прв работен ден, да биде официјално објавен.

Очекуваме телевизија Прва да одговори на оваа грозоморна лага, да постапи чесно и по шифрата што ја бара новинарската професија и да ги демантира наводите на пејачката и да ја информира јавноста со вистината“ – пишува во објавеното соопштение на “Гранд продукција“!

Што има по ова да каже Карлеуша, допрва следува да видиме?!

Фото: Инстаграм/karleusastar/zvezdegranda

Останати вести од Радио Милева