Кога семејството се проширува, со доаѓањето на бебе во домот се менуваат сите нешта од претходно, а најважното е секогаш малечкото кое е фокусот на мама и тато.
Во домот на поп-пејачот Александар Белов ваква радост дојде за првпат со почетокот на годинава односно на ден Василица кога се роди наследничката Мина.
Оттогаш, како што изјави тој во една прилика, куќата им станала дворец на љубов.
-Никој не ни кажа дека тоа ќе изгледа вака. Никој и не можеше да ни каже. Ова е целиот наш живот, а нашата куќа стана дворец на среќата и љубовта.
А љубовта е постојана во секој ден, час, минута… Мина си расте, па веќе стигна до деветтиот месец кога веќе почнува да седи, да биде подинамична, да кажува по некое зборче на нејзиниот бебешки јазик, да никнуваат запчиња и да ги топи од среќа мама и тато.
Повод за дупла прослава имаа на роденденоот на мама Јелена која наполни 28 години, а тој ден и Мина наполни девет месеци. Тортата секако беше тука, а на радоста и немаше крај.
Моментите секако ги овековечија со фотографии за спомен, кои во иднина ќе им останат да сведочат за ваквите посебни мигови.
-9месеци на Мина и специјалниот ден на мама- пишува Белов во описот кој се најде на неговиот Фејсбук.
За потсетување, Александар Белов кој се ожени на 29 септември 2019 година во Србија и сега живее и работи во Крагуевац.
Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскри/aleksandarbelov