Факт е дека одредени потези и помагала кои ги користите можат да влијаат на задоволството и забавата во текот на водењето љубов.
Иако поголемиот дел од нив носат позитивно задоволство со себе, сепак некои делуваат лошо.
За максимално да уживате со својот партнер би било добро да знаете кои работи никогаш не е дозволено да ги правите во кревет.
1. Потенцирање на ризикот од полови болести
Го прашувате партнерот дали се тестирал на полови болести, но тоа е недоволна заштита од можна зараза. Сексуалниот однос без презервативи го зголемуваат ризикот од заболување од такви болести.
2. Истовремено користење на лубриканти на база на масло и кондоми од латекс
Доколку користите презерватив од латекс, немојте да користите и лубрикант на база на масло, вклучувајќи и природни лубриканти како маслиново или кокосово масло поради тоа што маслото го оштетува латексот и презервативот нема да биде делотворен. Најдобро е да користите лубрикант на база на вода.
3. Користите неадекватни сексуални помагала
Изберете помагала кои исклучително вам ви одговараат. За секс играчки во кревет добро е да користите помагала направени специфично за користење во текот на сексуалниот однос.
4. Да го избрзувате партнерот да доживее оргазам
Преголемото фокусирање на доживувањето на оргазам може да создаде напнатост меѓу партнерите, а поради тоа ниту сексуалниот однос нема да биде добар. Се случува некој од партнерите понекогаш да не може да доживее оргазам, а тоа е во ред. Но, никако не е во ред да го форсирате партнерот по тоа прашање.
5. Да пробувате работи кои се премногу за вас
Пробувањето нови пози и експериментирањето секогаш е добредојдено, но во тоа мора да имате одредена граница. Во некои пози кои не се соодветни за вас, може само да се повредите. Поради тоа новите пози секогаш испробувајте ги постепено.
извор: точка.мк