Љубов и Секс

Го изгубил интересот по првиот состанок? Ова се 9 брутални причини зошто одлучил да не ви се јавува повеќе!

Го изгубил интересот по првиот состанок? Ова се 9 брутални причини зошто одлучил да не ви се јавува повеќе!

Првиот состанок е возбудливо, но и подеднакво нервозно и стресно искуство кое може да ве натера да се однесувате неприродно.

И двете страни се подеднакво загрижени дали ќе се претстават во најдобро светло, но ако сте сигурни дека го давате максимумот од себе, а сепак мажите како да исчезнуваат после првото гледање, можеби правите некоја од следниве 9 грешки:

– Како една од темите за разговор при запознавањето го спомнувате бракот, се шегувате на сметка на веренички прстени, бурми, деца, свадбени церемонии…

– Детално навлегувате во секоја ситница од вашата работа, додека мажот ве слуша и ништо не ве разбира.

– Опседнати сте со секоја нотификација која ќе ви пристигне додека сте на состанокот.

– Не се нудите да платите, да ја поделите сметката, да си одите сами до дома…

– Не правите напори за разговорот да продолжи, па наместо тоа молчите и чекате тој да ви постави прашање.

– Зборувате со бебешки глас.

– Постојано наоѓате замерки за локалот каде сте, за услугата, пијалакот кој ви е послужен…

– Не возвраќате на комплиментите и не знаете да ги прифатите.

– Претерувате со контролирањето на секоја ситница во текот на вечерта.

Извор: Попара.мк