Љубов и Секс

Го гасите светлото при интимен однос, истражување открива зошто тоа е така

Го гасите светлото при интимен однос, истражување открива зошто тоа е така

Голем дел од луѓето преферираат да имаат интимни односи со изгаснато светло, но сите го гасат од различни причини. Истражување покажа дека многу не го прават тоа поради ниска самодоверба, туку поради заштеда на електрична енергија.

Секој десетти Британец одбил да има односи со партнерот ако светлото не се изгаси, покажува анкетата спроведена на примерок од 2.000 анкетирани возрасни лица.

Еден процент од нив го гасат светлото за да заштедат електрична енергија, додека 25 проценти сакаат темница бидејќи на тој начин можат да им се препуштат на страстите.

Сексот не е единствената активност кон која Британците постапуваат штедливо, истражувањата покажуваат дека секој десетти Британец редовно го чисти домот без вклучено светло.

Дури половина од нив ќе отидат во тоален навечер без да го вклучат светлото, а 27 отсто наутро се облекуаат во темница.

Има и такви кои светлото сепак го оставаат вклулено и кога не се дома, велат причина за тоа се домашните миленици. Но, сепак најголем дел се оние кај кои вклученото светло им влева поголема сигурност.

To top