Живот и Стил

Гербери – цвеќиња создадени за најслатките букети

Гербери – цвеќиња создадени за најслатките букети

Со своите цветови во прекрасни нијанси на пастелни бои, герберите предизвикуваат позитивни емоции и добро расположение.

Постојат околу сто различни видови гербери, ги има во неколку бои и секоја од нив симболизира нешто. Жолтите гербери симболизираат радост, црвените симболизираат страст и енергија, портокаловите гербери се симбол на здравјето и на животот, белите гербери претставуваат смирен ум, а розовите гербери симболизираат шарм и безгрижност.

Општо, герберите се сметаат за симбол на невиноста, убавината и чистотата. Тие растат во форма на грмушки, со висина од 20 до 40 центиметри и ширина од 30 до 45 центиметри.

Овие цвеќиња се многу лесни за одгледување и не бараат многу грижа и внимание. Герберите сакаат сончеви и топли места и многу добро поднесуваат екстремна топлина во текот на летото. Само внимавајте почвата никогаш да не се исуши и да биде влажна во секое време, но само со онолку вода колку што е потребно за да не се исуши целосно.

Погледнете ги фотографиите во продолжение за да најдете идеи за аранжирање на герберите во домот.

извор:кафепауза.мк

To top