Славица Ангелова, струмичанката која ја освои регионалната публика и жирито на „Ѕвездите на Гранд“, име скромен карактер и ненаметлива природа.
Иако е актуелна победничка на најгледаното регионално шоу за теленти, таа не е нападна дури ни на социјалните мрежи.
На нејзиниот профил ретко осамнуваат објави, освен кога има закажан настап, а неодамна на нејзиниот профил се појави една изненадувачка објава од приватноста.
Имено, Славица реши да ја покаже својата мајка за која на прв поглед би помислиле дека и е постарата сестра.
Нејзина најголема подршка во се’, пример во животот, ветар во грб и столб на кој може да се потпре секогаш – мама!
Според приложените фотографии може да се забележи дека Славица убавината ја наследила од мајка си со која неодоливо си личат една на друга.
Мама сигурно е горда на успешот на талентираната ќерка која е вокално надарена од Бога, победничка на „Гранд“ и идна докторка.
фото:Инстаграм принтскрин/Салвица Ангелова