Радио Милева
Ако може Јелена, може и Сузана...

Гавазова на „cat walk“ пред зграда: Модно шоу за комшиите под балконот, додека Сузето чекори по бекатонот (ФОТО)

Гавазова на „cat walk“ пред зграда: Модно шоу за комшиите под балконот, додека Сузето чекори по бекатонот (ФОТО)

Сузана Гавазова не престанува да изненадува. Атрактивната струмичанка знае како да ги одржува своето тело и својот имиџ, па затоа во секоја прилика го негува стилот што најмногу ќе и го истакне и потенцира сексапилот.

Последните споделени фотографии и видеа на нејзината Инстаграм страница се само доказ повеќе, дека Гавазова сигурно чекори низ својата кариера. И естрадна, а како што може да се види од приложенето, комотно може да биде и модна.

Гавазова целата променета во бело, од раменици до петици, во бел комплет од топ со долги ракави и голо меше и тесни хеланки од истиот дезен, кој на неа стои како „залиен“!

Патем, Сузето многу добро знае како да го носи, како што знае дека попусто добро изгледаш, ако тоа другите него видат, забележат, дознаат.

Затоа пејачката штом излезе од автомобилот тргна да се пофали со модна презентација на стилот.

Гавазова како на модна писта, неколку пати со сигурен чекор прошета меѓу маалските згради за да го услика и сними она, со што сакаше да се  пофали.

Манекенски „кет вок“ (мачји од) пред зграда, мало модно шоу за комшиите под балконот, додека Сузето гордо чекори по бекатонот.

А моделот таков што се’  на неа истакнува,  ама баш се’ што на расната фолкерка се отцртува. Бујна однапред, раскошана одзади, Гавазова си направи мини модна ревија меѓу комшиските згради!

А всушност пејачката тргна да биде во жирито, ама не модно, туку естрадно, во новото македонски музичко талент шоу „Нови и млади“,  во една локална телевизија.

Можеби токму затоа налик на Карлеуша, го прошета она што го облекла да го носи додека младите таленти ги оценува. Па ако може Јелена, може и наша Сузана!?

Фото: Инстаграм принтскрин/suzanagavazova/karleusastar

Останати вести од Радио Милева