Досега сме виделе многу секси изданија на ТВ водителката Лила Филиповска, но никогаш така провокативно како досега, ако не ги сметаме појавувањата во бикини.
Имено, Лила вчеравечер беше гостинка на роденден, а по тој повод се подготви специјално.
Црниот фустан е безвременски, па затоа избра непогрешлива варијанта на црн коктел фустан од тантела – транспарентна.
Впечатливоста однапред ја имаа нејзините бујни гради, додека одзади, тоа беше глетка приказна сама по себе.
Фотографијата на која позира заедно со својот пријател Сергеј Варошлија ја објави на социјалните мрежи, секако свртена одзади, бидејќи она највпечатливото беше таму.
Ваквата појава ги изненади нејзините следбеници на Инстаграм кои освен многуте допаѓања, оставија и по некој коментар пред се изненадени од храброста на Лила.