Љубов и Секс

Фрустриран маж на својата сопруга ѝ испратил табела со сите нејзини изговори кога тој иницирал секс

Фрустриран маж на својата сопруга ѝ испратил табела со сите нејзини изговори кога тој иницирал секс

Жена открила дека нејзиниот сопруг ѝ испратил табела на која ги напишал деталите од неговите неуспешни обиди да иницира секс, со посебна картичка на која се испишани нејзините причини поради кои таа го одбива.

Фрустриран 26-годишник ги напишал причините поради кои неговата сопруга го одбива, а причините варираат од „испотена сум и одвратна, треба да се туширам“ до „преуморна сум“ или „гледам серија (реприза на Пријатели)“.

Податоците ги напишал во Exel документ, кој потоа преку меил ѝ го испратил на сопругата, исто така 26-годишна, кога пристигнала на аеродром пред да оди на 10-дневно патување, пренесува „The Sun“.

Изненадена од неговото „истражување“, кое покажало дека дури три негови обиди биле успешни, се обидела да го контактира, но тогаш ги одбивал нејзините повици.

Потоа, налутена ја споделила табелата на Редит, а иако тоа се случило уште во 2014-та година, приказната повторно се најде во центарот на вниманието, откако беше објавена на „BoredPandа“, а потоа и во другите медиуми.

Жената која останала анонимна, напишала дека биле заедно пет години и две години биле во брак, а пет месеци претходно купиле куќа.

„Во тоа време бевме многу зафатени, бидејќи двајцата бевме вработени“, рекла таа.

„Цела пролет ја реновиравме куќата. На работа добив двојно повеќе обврски, откако некои од моите колеги добија отказ. Во зимата се здебелив и се ‘убивам’ од вежбање во теретана за да се ослободам од вишокот килограми“, додала жената.

„Вчера наутро, додека бев во такси на пат до аеродромот, сопругот ми испрати порака на службената меил адреса, која ми е поврзана со мобилниот телефон. Отворив да видам што ми испратил и видов дека тоа е еден саркастичен начин да ми каже дека нема да му недостасувам додека сум на пат.“

„Во прилог е табелата од сите денови кога се обидуваше да иницира секс од први јуни, со колона за моите ‘извинувања’, користејќи директни цитати зошто не ми било до секс во одреден момент.“

Очекувано, повеќето застанале во нејзина одбрана, а многумина ја критикувале „незрелоста“ на нејзиниот сопруг, но имало и такви кои застанале во негова одбрана.

извор:точка.мк

To top