„Зошто не го доиш бебето?“ „Зошто му дозволуваш да гледа телевизија?“ „Зошто избра да се породиш со царски рез?“ Новите родители неретко добиваат коментари и критики од други лица за начинот на кој ги растат своите деца.
Револтирана од коментарите кои ги добивала од други мајки, фотографката Аби Фокс од Лас Вегас направи фотосесија за да покаже дека сите деца се сакани од родителите и сè додека тие се здрави и среќни, не треба да го осудуваме начинот на кој родителите одлучиле да се грижат за нив.
На фотографиите се прикажани насмеани дечиња кои позираат покрај табли на кои се испишани пораки наменети за критичарите.
Моите родители имаат работа со полно работно време, а мене ме чува дадилка
Ние ги имаме примено сите вакцини
Јас веќе гледам телевизија
Ние сме родени со царски рез по избор
Нашата мајка консумираше кофеин додека беше бремена со нас
Јас сум хрането со адаптирано млеко по избор
Јас сум доена до 2-годишна возраст
„Во овој свет на технологија, во кој ние минуваме многу време на Facebook и на групи за мајки, се соочуваме со едно големо нешто секој ден… осудување на мајките. Луѓето ги превртуваат очите и велат дека тоа повеќе не се случува, но тоа постои и може да биде брутално. Кога за првпат станав мајка, плачев за нештата кои луѓето ми ги велеа, а најголемите виновници беа другите мајки. Секој ден се прашувам: ‘Зошто ние едноставно не се поддржуваме?’. Ако нашите деца се здрави, среќни и просперитетни, зошто да се грижиме дали нашите родителски стилови се различни? Да, има нешта кои јас лично никогаш не би ги направила поради моите верувања, но знам и дека постојат нешта кои јас ги правам со моите деца, а од кои моите пријатели се згрозени. Сите ние даваме сè од себе за да ги одржуваме овие мали човечиња живи, додека истовремено се обидуваме да го зачуваме нашиот здрав разум.“
„Сите ние сме различни родители и треба да сфатиме дека секој од нас е растен различно, има различни вредности и различни нешта кои ни се важни. Треба да шириме малку повеќе љубов“ – стои во нејзиниот пост.
Јас се родив дома
Јас јадев домашно приготвена бебешка храна
Мајка ми не ме принудува да ја јадам приготвената храна ако не ја сакам
Мајка ми сè уште седи на задното седиште со мене
Имам телевизор во мојата соба
Јас се школувам дома
Сè уште седам свртена наназад во седиштето во автомобилот
Мајка ми го користеше методот „плачи дури да заспиеш“
Мајка ми продолжи да тренира КросФит додека беше бремена со мене
Јас пиев мајчино млеко од шише до една година
Мајка ми трчаше маратони додека беше бремена со мене
Мајка ми ми дозволува да имам напади на бес
Јас бев роден со царски рез
Ние сме толку многу зафатени, што сите вечераме во различно време неколкупати неделно
Јас имам iPhone
Нашата мајка не работи
Мајка ми за мене користи модерна медицина
Мајка ми ми ставаше ремче поради моја безбедност
Јас одам во приватно училиште
„Ние сме сакани“ – е пораката на заедничката фотографија.