Овој месец ноември беше доста среќен и исполнет за поп-пејачот Влатко Лозаноски.
Она што го работеше изминатите неколку месеци беше богато вреднувано со тоа што Влатче на неодамна одржаниот Македонски радиски фестивал освои дури три статуетки за својата песна „Ова лето ќе се памти“, а ќе го памти по наградите за апсолутен радиски хит, радиски хит испеан од машки вокал и статуетка за најдобар текст на песна.
Сė на сė, Влатко имаше мнгоу за што да се радува… А освен него и фановите, секако најмногу се радува и семејството, но и тој умее да ги испочитува и радува и на нивните посебни денови.
Имено, деновиве неговата најсакана дама во животот, мајка му Билјана славеше роденден, а синот Влатко и ќерката Марија на своите профили на социјалните мрежи и го честитаа роденот и напишаа дека таа е нивниот херој.