Борделот со кукли се наоѓа во Јужен Дортмунд, Германија. Оваа непромислена продавница во црвена боја не привлекува големо внимание, бидејќи знакот на вратата е многу мал, а прозорците се со црно затемнето стакло. Но, зад сето тоа се наоѓа најновата сексуална иновација во Германија – првиот бордел за секс со кукли.
Евелин Шварц (29) е основачот на овој бордел. Во изминатите три години, местото функционирало како обичен бордел во соседството. Но, од април 2017 година, ова место им понуди на клиентите можност за секс со една од нивните 11 силиконски кукли, наплаќајќи им 60 долари за 30 минути и 90 долари за еден час.
Клиенитите можат да одберат кукла со големина како на нормален човек, а вакви слични бордели има во Јапонија, додека во првиот отворен во Европа бил во Барселона, март 2017 година. Шварц, од гледна точка на менаџментот, сакала ваквиот концепт да им го претстави и на германците.
“Куклите се идеалните вработени лица. Тие секогаш се на работа, бидејќи никогаш не се болни, секогаш изгледаат добро и нудат три дупки без поплаки или дополнителни трошоци”.
Но, кој плаќа за секс со кукла? “Ние имаме огромен број на клиенти. Од 18 до 80 годишна возраст, од невработени лица до истакнати луѓе во општеството”. Шварц истакнала за Vice дека 30 % од посетителите сакаат само да испробаат секс со кукла, додека останатите 70 % се редовни клиенти.