Траверс Бејнон, познат како Кендимен, на Инстаграм, тврди дека со неговата сопруга постојано имаат други жени во домот со кои разменуваат сексуални искуства.
„Ги сакам девојките и правам што сакам со моето тело“, вели 27-годишната Таеша за Daily Mail и со тоа ги потврди изјавите на својот сопруг.
Тие живеат во вила на австралискиот „Златен брег“двете постојани љубовници, 22-годишната Ниша и 21-годишната Кристал.
„Преку викенд во нашиот дом има 30 жени, а тоа го обожава и мојата сопруга. Таа учествува во сè што правам со останатите девојки“, додава Кендимен, а Таеша го дополнува:
„Сум се бакнувала со други жени и претходно и отсекогаш сум била љубопитна. Расчистив со љубомората. Трев и јас имаме силен брак и цврста врска, заедно минуваме многу време. Се чувствувам дека сум центар во неговиот живот“.