Доајените на македонско глумиште се собраа на мекици кај својот помлад колега, актерот Владо Дојчиновски кој изминатата недела стана татко за првпат.
Неговата сакана сопруга Николина на свет му донесе син, а гордиот татко ги собра најблиските, викна гајди и тапани за надалеку да се слушне дека се роди неговиот наследник.
На социјалните мрежи, односно на профилот на актерот се најдоа галерија фотографии од прославата со мекици, а меѓу најблиските и роднините присуствуваа и актерите и колеги на тазе таткото, од Шенка Колозова, Ванчо Петрушевски, Дурвавка Киселички…
Се вртеа ора, се пееја песни, се наздравуваше да е жив и Нестор.
Инаку, Владо Дојчиновски и неговата сопруга Николина стапија во брак во месец септември 2015 година.
фото:фејсбук/владо дојчиновски