Покрај тоа што улогата на Дефне во серијата „Изнајмена љубов“ и донесе голема популарност, тоа беше поттикнато и од нејзината кариера како модел.
Имено, Турчинката Елчин Сангу (32) во светот на модата важи за една од најбараните модели, а деновиве откако заврши со снимањето на новиот филм „Време за среќа“, таа се посвети и на модата, односно изработи фотосесија за еден моден бренд.

Облечена во есенски комбинации и нијанси, Елчин блесна во вистински сјај.


