Радио Милева

(ФОТО) Мама Сани го покажа новиот дом, модерно уреден и украсен во новогодишен амбиент!

(ФОТО) Мама Сани го покажа новиот дом, модерно уреден и украсен во новогодишен амбиент!

Периодов во речиси секој дом уште од почетокот на месец декември почнува да пулсира новогодишниот амбиент и енергија.

Децата се најрадосни кога доаѓа токму овој период од годината, но и возрасните знаат подеднакво да се израдуваат на овие празнично-магични новогодишни мигови.

И пејачката Сани Гроздановска, која кон почетокот на месец ноември стана мајка на уште едно девојче, е полна со радост пред се поради проширеното семејство и новиот член, но исто така се радува и на новиот дом во кој оваа година се преселија со сопругот Мартин откако и официјално си кажаа „да“.

Сега имаат уште една ќеркичка, нов дом и секако празничен амбиент кој го декорираше мама Сани.

На социјалната мрежа Фејсбук, Сани објави фотографија од дневниот простор кој изгледа модерно, а притоа ја покажа и големата елка позиционирана на челно место, а на истата не само децата, веруваме дека исто се радосни и гордите мама и тато.

To top