Глукоза е нејзиниот прекар бидејќи за многумина е слатка и потсетува на шеќер.
Станува збор за Наталија Иванова, дама која е мултиталентирана и се занимава со моделство, но и со пеење и глума и е доста популарна личност во Русија.
На Инстаграм ја следат 2 милиони луѓе, а на профилот таа го покажува својот луксузен живот, но и провокативните фотографии на кои акцентот е како на убавото лице, така и на извајаното тело.
Оваа 31- годишна е мажена за нафтен тајкун, а има и две ќерки со него.
Наталија тврди дека отсекогаш сакала да стане пејачка, а тоа и тргнало од рака, но моментално е аангажирана и како телевизиска водителка.
Исто така, се шпекулира дека е блиска со Владимир Путин.