Тој е познат ТВ лик, кој преку својата работа пред камерите и непосредната комуникација со гледачите низ годините, стекна многу свои обожаватели и следбеници.
Водителот Ване Маркоски е еден од поактивните корисници на социјалните мрежи, каде нема задршка да го искаже своето мислење, да побара помош за оние на кои им е најпотребно, да им помага на животните, но и да открие деталиод својата приватност.
Па така деновиве на своите пријатели и следбеници посака да им ја покаже својата принцеза, односно најсаканата дама во неговиот живот – мајка си.
Имено, тој преку фотографија и статус посветен на нејзиниот роденден и честиташе уште една година плус во животот и со тоа на сите им откри која е неговата сакана принзеза.
-Имам една принцеза во животот, среќен роденден мајка, напиша Ване на објавата за фотографијата каде е во друштво на мајка си во центарот на Скопје.