Радио Милева

(ФОТО) Ги испеа некои од најголемите македонски хитови: Денес живее во Србија и има 64 години – погодувате која е!

(ФОТО) Ги испеа некои од најголемите македонски хитови: Денес живее во Србија и има 64 години – погодувате која е!

Поголемиот дел ја препознаваат по специфичниот глас, долгата коса и младешката енергија која дури и со годините не ја напушта.

Таа е познат изведувач не само во Македонија и Србија, туку на целата територија на поранешна Југославија. Ги испеа безвременските: „Шила“, „Лиду лидуди“, „Многу солзи“… а сигурно веќе погодувате дека станува збор за неповторливата Маја Оџаклиевска.

Иако вели дека и е доста од пеење, Маја сепак не одбива покана кога ќе ја повикаат да настапи, па така, неодамна пееше на „Златна бубамара“.

Деновиве Маја имаше повод за славење, односно го прослави својот 64-ти роденден, а по тој повод на нејзиниот профил на социјалните мрежи се нижеа честитки…

Уште една година плус во животот и датумот кога е родена, ја натераа носталгично да се присети на годините од младоста, па објави неколку фотографии од тоа време и за една од нив напиша:

-На денешен ден (нешто по полноќ), пред 42 години, кога имав само 22, ова е убава фотографија на турнеја по Јадранот, поточно во Тучепи. Сеќавањата не можат да избледат кога имаат убави спомени. Ете, решив сите да ве поздравам со една насмевка од тоа време, напиша Маја.

Инаку, Маја Оџаклиевска е родена на 21-ви  април 1954 година во Скопје. Својата музичка кариера ја започнува како 15 годишно девојче и се појавува на аудиција на Радио Скопје, а  во 1970 година таа се сели во Белград.

фото:фејсбук

To top