За фолк пејачката Сузана Гавазова не треба да помине многу време за да се качи на авион и да му ја дувне од Шведска кон Македонија.
Сузе неколкупати досега откри дека иако веќе долго време живее во Скандинавијата, родната земја и топлината на својот народ, секогаш ќе и бидат на прво место.
Освен најблиските, кариерата е исто така причината поради која таа повторно се враќа дома, а во меѓувреме, никогаш не мирува… Нова песна, нов спот, настапи, но секако и провокативни фотографии кои се неизоставен дел од нејзината кариера.
Овој пат како што се вжешти временската температура, така се вжешти и профилот на Сузе на социјалните мрежи.
Меѓу најновите објави на нејзиниот Инстаграм осамнаа фотографии на кои таа позира во провокативни изданија.
На едната од фотографиите е во вода, а белата мокра маичка под која нема ништо, си го направи своето.