Радио Милева

(ФОТО) Без градник во фустан отворен до папокот: Гавазова во обид да биде македонската Карлеуша!

(ФОТО) Без градник во фустан отворен до папокот: Гавазова во обид  да биде македонската Карлеуша!

Српската музичка естрада ја има неприкосновената поп-пејачка Јелена Карлеуша чија ексцентричност во поглед на изгледот и нема рамна.

Провокацијата без граници е нејзиниот заштитен знак кој речиси ниедна нејзина колешка не се осмелува да ја достигне.

Можеби српските старлети го прават тоа, но не со толкава доза на стилски индивидуализам, иако за некои тој имиџ е претеран.

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on


На наши простори пак, не може да се каже дека на естрадата е исклучена провокацијата кај пејачките, но е далеку од она што го има кај нашите соседи.

Со неколку чекори понапред ова реши да го промени фолк пејачката Сузана Гавазова.

Иако и претходно знаеше да „сервира“ голотија и дупла доза сексапил, овој пат веројатно инспирирана од српската пејачка одлучи да направи слична фризура како онаа што моментално ја носи Јелена. Згора на тоа се накити со слични парчиња накит, го изостави градникот под жолтиот фустан со ултра отворено деколте и горделиво се пофали со изгледот на социјалните мрежи.

A post shared by Suzana (@suzanagavazova) on

Шоу бизисот секогаш  бара многу повеќе од само добра песна, спотови, настапи… а Гавазова очигледно тргна по патот без граници.

To top