Радио и ТВ водителката Александра Пановска- Илиевска, публиката најмногу ја препознава по нејзината специфична фризура со ултра куси шишки и бело перче на нив.
Александра во новата сезона на „Брза кујна“ се појави со истиот имиџ по кој ја препознаваме, но деновиве присуството на една свадба како гостинка, заедно со сопругот, ја натера да промени нешто на себе, односно да направи нешто поинаква фризура од стандардната.
За тоа беше задолжен нејзиниот стилист Даниел Николовски кој одлучи да и надгради долга коса со која изгледа доста поразлично. Со ваквиот имиџ предизвика внимание кај присутните гости на свадбата, но најмногу кај нејзините најмлади обожаватели.
Изгледа си се допадна и самата себе со вака подолга коса која ја имаше пред неколку години, па ваква снимаше и во студиото на „Брза кујна“ и ги праша гледачите како им се допаѓа?