Радио Милева

Фолкерката Сани му пееше на „увце“ на Аца Лукас во скопска кафеана (видео)

Фолкерката Сани му пееше на „увце“ на Аца Лукас во скопска кафеана (видео)

По повод новогодишна забава српскиот пејач Аца Лукас заедно со Милица Павловиќ и Пеѓа Меденица одржа концерт во Арената „Борис Трајковски“.

Фановите имаа прилика да уживаат во хитовите на овие пејачи и да ја започнат новогодишната треска.

Кога станува збор за забави, тука секогаш е македонската фолкерка Сања Сани Гроздановска.

Иако, најчесто кога пејачите ќе завршат со својот настап или концерт се враќаат веднаш дома, Аца Лукас остана во Скопје.

По концертот во салата, утредента забавата продолжи во еден скопски ресторан каде што Лукас славеше со своите соработници,колеги, пријатели.

А за добрата музика и песна беше задолжена фолкерата Сани која му пееше на „увце“ на познатиот српски пејач.

Овој момент македонската фолкерка го овековечи со видеа кои ги сподели на „Фејсбук“, а како изгледаше атмосферата погледнете тука.

foto: printscreen/instagramstory/sani.apostolovskasanja

Останати вести од Радио Милева