Флертувањето е уметност и тоа една од најстарите. Во минатото, убавите жени го учеле за да можат да дојдат до власт, за да заведат еден маж само со еден поглед и тој да изгуби рамнотежа.
Флертувањето секогаш започнува со поглед.
Секоја жена може да флертува, едноставно треба да го најде соодветниот начин. Треба да знае да ја истакне својата женственост, да најде умерен и неодолив начин да привлече одреден маж да ја посакува.
Знаејќи ги своите добри особини и користејќи ги како основа, флертувањето е уметност на тивка самодоверба.
Секој човек е различен, па за секој флертувањето добива различно значење.
1. Јавно невино флертување. Секојдневно сите флертуваат на еден или друг начин. Постојат ситуации кога можеби не сфаќате дека флертувате. Нежна насмевка на мажот што ја задржал вратата за да влезете, пријатен елегантен поздрав на згодниот колега. Или пак ситуации кога станувате мета на флертувањето – комплимент за вашиот изглед. Јавното флертување е невино, но доставува задоволство, ја зголемува самодовербата и ја прави комуникацијата позабавна.
2. Флертување еден-на-еден. Може да се каже дека овој тип на флертување е вистинскиот тест за да проверите дали сте ја совладале уметноста на флертувањето. Жените со статус сингл за да го привлечат вниманието на мажот кој им се допаѓа и да се олесни взаемната комуникација, од жените во сериозна врска за да ја одржат искрата и од мажените жени за да го одржат семејниот оган.