Некои љубови опстојуваат и покрај сите предизвици и со текот на времето стануваат посилни. Пејачот Филип Божиновски и неговата сопруга Сања Митровски ќе станат родители во време на коронавирус.
Ѕвездата на Гранд и неговата избраничка, со која си го кажаа судбинско „да“ пред две години, ги објави среќните вести на социјалните мрежи.
„Во ова лудо време, чекаме да ни се случи убава работа“, напиша Филип Божиновски на социјалните мрежи, заедно фотографии на кои се гледа дека Сања веќе е во напредна бременост.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/nekogashniot-makedonski-finalist-vo-dzvezdite-na-grand-kje-stane-tatko-foto/
Имаше претпоставки за тоа кој е полот на бебето, а потоа ги решија дилемите со уште една фотографија.
Филип и Сања наскоро ќе станат родители на девојче бидејќи на фотографијата држат женски бебешки чевлички.
После 12 години љубов и две години брак, наследничката наскоро пристигнува како круна на нивната љубов.