Љубов и Секс

Фантазираат за русокоси, а за жени избираат бринети

Фантазираат за русокоси, а за жени избираат бринети

Кога е во прашање бојата на косата, мажите сепак прават разлика меѓу жените. Како што покажуваат истражувањата, малку од нив имаат храброст да се оженат со русокоса.

Дека мажите сакаат русокоси, во тоа нема сомнеж, но тие се овде да ги намамат воздишките и да ја скокоткаат фантазијата. Сепак малку припадници на посилниот пол (16 отсто) би се охрабриле да побараат за жена русокоса. Затоа, за бринетите владее вистински интерес, бидејќи дури 56 отсто од мажите се ожениле со бринета.

Нормално, ги има и оние мажи, на кои бојата на косата воопшто не е важна. Бидејќи сметаат дека поважно од бојата на косата е тоа што за брак се важни љубовта и сложувањето.

Истражувачите на порталот match.com, мажите бринетите ги доживуваат како сензуални и склони кон експериментирање во кревет, добри домаќинки, но истовремено и како паметни жени кои умеат добро да располагаат со финансиите.

Кога избираат жени со кои ќе се скрасат, мажите не гледаат само во косата. Од фризурите поважни им се убавата насмевка и здравите заби, но и доброто познавање на јазикот и правилниот говор.

извор:нетпрес.ком.мк

To top