Љубов и Секс

„Фала“, „Извини“ и други зборови со кои ќе ја зајакнете вашата врска

„Фала“, „Извини“ и други зборови со кои ќе ја зајакнете вашата врска

Не за џабе велат дека сите се генерали по битката.

Меѓутоа, ако сакате вашата врска да ги преживее сите предизвици, мора постојано да правите некои работи.

На хартија, сето тоа изгледа едноставно, дури и тривијално, но во пракса во повеќето случаи ќе биде многу тешко и непотребно комплицирано.

Осум начини да ја зајакнете љубовта и односот со партнерот:

1. Нека не ви е тешко да му дадете до знаење на партнерот дека мислите на него во текот на денот. Доволно е еден повик или порака, не претерувајте. Поентата е да му кажете дека ви недостига, дека ве интересира тоа што го прави, а не да го контролирате.

2. Наутро кога излегувате од дома или автомобил, немојте само да кажете „чао“ и да си заминете. Прегрнете се цврсто, бакнете се… Интимноста е клучна за одржување не само емоционална, туку и физичка врска, без оглед на годините што сте ги поминале заедно.

3. Договорете се со партнерот да разговарате отворено секој ден. Најдете време да си кажете како сте го поминале времето, од што не сте задоволни, што ве вознемирило, ве повредило, без разлика дали тоа е вашата врска еден со друг или со другите… Оваа навика ќе ви овозможи да не се акумулираат негативни емоции и чувства во врската, и ако има потреба, да се реши се отворено, без молчење.

4. Кажете благодарам, дури и за наједноставните работи: ручекот што го подготвил, дошол да ве земе од работа, поправил нешто во куќата или дворот, им помогнал на вашите родители… Иако сте заедно, нека не ви биде тешко да кажете благодарам.

5. Изненадете го! Не мора да биде нешто екстравагантно или скапо. Тоа може да биде порака која ќе ја најде во џебот од сакото, ручек во новоотворен ресторан, патување до убаво место во ваша близина, тортата што најмногу ја сака… Потребна ви е само имагинација и креативност за да ја израдувате вашата сакана личност бидејќи секое внимание значи нешто.

6. Кажете „извини“ кога ќе згрешите или не сте во право! Ако навистина на некој начин сте го повредиле партнерот или едноставно сте згрешиле, не плашете се да ја признаете вашата грешка и искрено извинете се за тоа.

7. Прашајте го дали му треба нешто, како се чувствува, што можете да направите за да го расположите ако не се чувствува добро… Покажете дека се грижите и го поддржувате и не се потпирате само на него кога ви треба нешто.

8. Не штедете на комплименти! Тоа што сте долго време заедно не значи дека не треба да му давате комплименти за тоа колку е добар, колку е внимателен, колку добро му стои оделото или неговата нова фризура. Дајте му до знаење дека сè уште го сакате. На сите им се допаѓа!

извор:попара.мк

To top