Новите истражувања за жените и сексот може да ги шокираат многумина. Ви нудиме податоци кои беа откриени во најновото сексуално истражување на др Eden Romberg кои се дел од новата книга на Naomi Wolf – „Вагина: Нова биографија“.
Жените може да забременат и до 8 дена после сексот
Истражувањата покажале дека машката семена течност може да живее во цервикалното ткиво дури и до 8 дена по сексот пред да стигне до оплодувачките јајца.
Оргазмот ги прави жените креативни
Истражувањата покажале дека оргазмот кај жените ја подигнува самодовербата, продуктивноста и креативноста. Од друга страна, жените постигнуваат подобар оргазам кога се креативни.
Контрацептивните пилули го намалуваат либидото
Секоја хормонска контрацепција има психолошки нус појави. Пилулите може да предизвикаат и проблеми со зачнувањето подоцна, а исто така може да ја намалат желбата за секс.
Жените имаат 3 ерогени зони
Клиторисот, Г-точката и почетокот на матката. Некои тврдат дека и градите се на листата на ерогени зони кај жените.
Нервните завршетоци на секоја вагина се поинакви
Секоја жена е едиствена по тоа што нервните завршетоци на половиот орган се различно распоредени. Тоа значи дека треба да се користат различни методи кај секоја жена за да се постигне оргазам.
Секоја жена може да доживее оргазам
Жените имаат вродени механизми кои се програмирани за доживување на оргазам. Проблемот е што не секој може да научи како овој „ механизам“ правилно да го употребува.
извор:нетпрес.ком.мк