Дали мислите дека по четириесеттата година е завршено со сексот? Всушност, треба да знаете дека сексот во тие години може да биде фантастичен, само ако малку се потрудите.
Одвоивме неколку факти за сексот по четириесеттата година коишто го докажуваат токму тоа.
1. Сега може повеќе да се охрабрите
Паровите во четириесеттите години може да имаат подобар секс од претходно. Во овие години сте помотивирани и имате поголема самодоверба во поглед на сексуалните желби. Тоа може да ви овозможи истражување на различни видови сексуалност.
2. Оргазмот е подобар
Жените по четириесеттата година наоѓаат поголемо задоволство во сексот. Освен поголема самодоверба и опуштеност, знаат што сакаат и не се срамат тоа да го побараат. Со поголемо сексуално искуство полесно се доживува оргазам, па често се вели дека по четириесеттата година настапува втората фаза на сексуалното искуство. Истражувањата покажуваат дека дури 70% од жените во 40-тите и 50-тите години почесто доживуваат оргазам отколку во 20-тите.
3. Мажите може подолго да издржат
Откако ќе наполнат над 40 години мажите може да забележат дека сексуалниот однос им трае подолго. Не е важно дали за тоа се виновни годините или затоа што научиле како да го „одложат оргазмот“. Тоа всушност ги доведува до посилно чувство на исполнетост и поврзаност со партнерката.
4. Сексот и понатаму е важен
Обично четириесеттите години се време кога повторно се насочувате на вашата врска, повеќе се поврзувате и имате повеќе време да минете со партнерот. Тоа е период во кој може да го зачините сексуалниот живот. Според истражувањата, 85% од жените постари од 40 години изјавиле дека сексот и понатаму е приоритет во животот.
5. Употребувајте лубрикант или естрогенска крема
По 40-тата година сексот може понекогаш да биде непријатен, па дури и болен. Со падот на нивото на естроген, слузницата станува потенка и побавно реагира на стимулацијата на влажнење, па одберете лубрикант што содржи природни состојки како алое вера и кокосово масло, за да не дојде до нарушување на pH вредноста на вагината. Може да користите и естрогенска крема припишана од доктор, ќе ви се врати еластичноста на слузницата и со тоа сексуалниот однос ќе стане попријатен.
извор: кајгана