Љубов и Секс

Еве зошто не треба често да му кажувате “Те сакам” на вашиот партнер

Еве зошто не треба често да му кажувате “Те сакам” на вашиот партнер

Нема ништо погрешно во искажувањето на емоции, но експертите предупредуваат дека сепак треба да се биде внимателен.

Експертите за говорот на телото и однесувањето откриваат дека кога премногу често ги користиме зборовите “Те сакам”, се изложуваме себеси и нашиот однос на ризик.

“Сметам дека луѓето пречесто го употребуваат изразот “Те сакам”. Тоа стана реченица која многу лесно се изговара, што донекаде е во ред. Таа изјава прави целиот свет да се чувствува прекрасно, но може и да ве доведе во некоја ладна ситуација со личноста во која сте навистина заљубени. Често сте биле во врски во кои сте им кажувале на партнерите дека ги сакате и сега не знаете дали тоа што го чувствувате е љубов или не”, вели Џуди Џејмс, експерт за говор на тело.

Но, не само зборот “љубов” се користи во изобилие – има и многу други изрази кои исто така може да бидат чувствителни. Тоа е проблем кај емоциите и нивната претерана експресија и покажување. До заситеност на овие емоции и претерана употреба на овие зборови довеле и многу реални шоуа во кои учесниците се заљубуваат едни во други во рок од еден или два дена, па со тоа и изјавите на љубов ја немаат онаа вообичаена сила и милина, пренесува “DailyStar”.

“Зборовите и говорот на телото ја изразуваат емоцијата пред да ја почувствува оној што ја покажува, а тогаш работите почнуваат да се влошуваат”, додава Џуди.

извор:точка.мк

To top