Предолгото спиење и седење е еднакво нездраво како и внесувањето на преголема количина алкохол во вашиот организам.
Научници од австрискиот Институт спровеле истражување во кое што биле вклучени над 230.000 луѓе постари од 45 години, а кои што ја исполниле анкетата со своите нездрави навики.
Им биле поставувани прашања за тоа дали се пушачи, колку алкохол внесуваат во своето тело, вода или пак колку се грижат за здравата исхрана, дали се физички активни, дали седат предолго на работа, пред телевизор, компјутер (повеќе од седум часа) и дали спијат предолго (подолго од девет часа).
30 отсто од нив одговориле позитивно на две до три поставени прашања. По шест години обработени биле податоците и се покажало дека 16.000 од испитаниците починале.
Веројатноста за предвремена смрт кај луѓето кои што не се физички активни е 1.6 пати поголема отколку кај оние кои што се физички активни.
Истражувањето покажало дека комбинацијата од телесна неактивност, ”седечки” начин на живот и спиење подолго од девет часа, е поврзано и речиси исто со оние кои што консумираат голема количина алкохол и оние кои што пушат премногу цигари.
Инаку, пушењето е најопасно од сите ризици кои што се наведени на листата, а водачот на истражувањето вели дека внесувањето на над 14 алкохолни пијалаци неделно не носи до ризик од предвремена смрт.
извор:точка.ком.мк