Што ги прави мажите најсреќни во врската?
Мажите се чувствуваат посреќни во врските кога партнерките мислат дека нивните шеги се посмешни од оние што самите ги кажуваат, открила група италијански и полски психолози. Заклучокот е дека хуморот е најважна работа во врската!
Истражувачите интервјуирале 149 хетеросексуални парови со просечна должина на врска од околу седум години. Испитаниците откриле колку често се шегувале со своите партнери, и кој водел во правењето шеги – мажот или жената, како и на што повеќе се смееле – неговите или нејзините „фори“…
Како што се испоставило, мажите почесто се шегувале, но и сметале дека се подобри во тоа од нивните партнерки. Посебно нагласиле дека тие истото им го потврдиле. Не биле забележани родови разлики во тоа колку некој се смее, но било забележано дека машкиот хумор почесто се поврзува со агресија и самопотврдување.
Во исто време, мажите се чувствувале посреќно во врските каде нивната партнерка ги оценувала нивните шеги како посмешни од нејзините.
„Шегите, смеата и хуморот сè уште се дел од механизмите вклучени во градењето односи меѓу партнерите во долготрајните врски“, заклучиле истражувачите.
извор:popara.mk