Жељко Јоксимовиќ го прослави својот 49 роденден, а меѓу првите што му честиташе беше неговата сопруга Јована Јоксимовиќ, со која има три деца – синот Коста и близначките Ана и Срна.
– Среќен роденден. Само 49 – напишала Јована на шега на заедничката фотографија на која го гушка и го бакнува саканиот сопруг.
За потсетување Јована и Жељко се запознаа во 2008 година, додека беа домаќини на Евровизија во Белград. На почетокот Јована не беше многу пријатна со него, што и самата призна.
View this post on Instagram
– Кога ми рекоа дека ќе бидам домаќин на Евровизија и имаше прашање кој ќе биде машки домаќин, се сеќавам дека реков: „Знаете што, режисер, ако има правда, тоа ќе биде Жељко Јоксимовиќ, но ве молам, не, тој не е симпатичен “, сè друго е легенда. Кога тој раскажува како ме запознал, тој вели дека ме видел од позади за прв пат и дека прашал која е оваа девојка, а тоа беше првпат да се сретнеме – раскажа Јована за таа средба.
Инаку, откако доби отказ во Прва српска, Јована денес работи во телевизијата на нејзиниот сопруг К1.