Љубов и Секс

Еве кој тип на мажи се “експерти” за оргазам

Еве кој тип на мажи се “експерти” за оргазам

Женскиот оргазам отсекогаш бил сложена тема што многу мажи уште не можат да ја совладаат во целост. Сепак, се чини оние со смисла за хумор не само што се поблиску до решението, туку и многу подобро го владеат предметот.

Кој не сака партнер со добра смисла за хумор? Некој кој ќе те насмее до солзи и знаеш дека ќе ти биде добро друштво и кога ќе остарите и сексот нема да биде веќе на менито. Според најновото истражување чии резултати беа објавени во списанието „Socioaffective Neuroscience & Psychology“, креативните мажи со смисла за хумор и емотивна топлина најчесто високо се рангираат како партнери кои сигурно и квалитетно ќе ви пружат оргазам.

Истражувањето беше спроведено меѓу 130 сингл жени на возраст од 20 до 69 години кои одговорија на прашања во траење од 71 минута поврзани со нивната сексуална историја.

Жените кои се во врска не беа земени предвид бидејќи постои веројатност дека „оние во сериозна врска ќе го рангираат и оценат партнерот подобро отколку што реално е“.

Целта на истражувањето беше да се открие во кои карактеристики кај мажите најмногу уживале жените кои доживеале оргазам.

Привлечноста била значаен фактор, но не се мисли само на физичка привлечност.

„Оргазмите кај жените главно зависеле од привлечноста на мажот и неговиот потенцијал да се инвестира во врската (смислата за хумор, емотивната топлина и верноста).

Според ова истражување, жените најубаво си поминувале во кревет со мажи со позитивни карактерни особини.

„Партнерите кои им дале квалитетни оргазми биле хумористични, креативни, топли, верни, посветени и убаво мирисале и биле ангажирани и двајцата партнери да бидат задоволени за време на сексот“, велат истражувачите.

извор:боза.мк

To top