Љубов и Секс

Еве кои работи мудрата жена треба да ги крие од својот сопруг

Еве кои работи мудрата жена треба да ги крие од својот сопруг

Според експертите, некои работи е најдобро жените да ги сокријат од своите сопрузи, за да избегнат непријатни и стресни ситуации.

1. Тајни од минатото

Минатото е нешто многу важно. Дали е правилно да го криете од вашиот партнер? Се подразбира дека не, бидејќи тоа би довело до нарушување на довербата.

Но, според експертите една интелигентна жена никогаш не треба да навлегува премногу во деталите за нејзините претходни врски со други мажи. Причината за тоа е многу едноставна, партнерот секогаш треба да се чувствува како тој да е најважниот маж во вашиот живот, а не да се споредува со претходните ваши партнери, ниту пак самите вие да го споредувате.

Овде станува збор за детали и споредби во однос на финансиската состојба и се подразбира, интимните односи.

Дури и самиот ваш партнер да најстојува да споделите со него детали, не го правете тоа, бидејќи кажаното после тешко се заборава.

Не е неопходно да споделувате и доколку нешто лошо ви се случило во минатото. Според експертите, тоа би требало да го направите доколку целосно сте ја пребродиле ситуацијата и сега сте спокојни.

2. Кој го издржува семејството

Дали е потребно вашиот партнер да знае колку заработувате? Експертите велат дека секоја мудра жена умее да ги процени амбициите на нејзиниот партнер, при што доколку заработуваат многу повеќе од истиот, никогаш не треба тоа премногу да го истакнуваат.

Потребно е подеднакво да се инвестира во семејниот буџет, но со остатокот може да си исполни свои лични желби, како што на многумина жени се бројните чевли и чанти.

3. Заштедата

Не е исклучена можност за обратна ситуација, жената да не работи и со самото тоа да не допринесува финансиски кон семејниот буџет. Експертскиот став истакнува дека секој непотрошен денар, мудрата жена треба да го заштеди за „црни денови“, што често е навика која ја практикуваат сопругите на богатите мажи.

Според вас, дали вашиот партнер треба да знае сè?

извор:нане.мк

To top