Резултатите од неколку различни студии, покажаа дека дури 70 отсто од жените понекогаш глумат оргазам.
Доколку ве интересира дали вашата партнерка ги глуми оргазмите, тогаш треба да внимавате на следните знаци, пренесува ivillage:
Забрзано дишење и забрзано чукање на срцето
Кога дишењето станува отежнато, тогаш треба да знаете дека сте на вистинскиот пат. Покрај дишењето, воочливи се знаците како промена на тензијата и ритамот на движење. Оние кои глумат оргазам, најверојатно ќе стенкаат и воздивнуваат, но ритамот на дишење ќе им остане непроменет. Освен тоа, знакот кој открива дека навистина доживува оргазам е забрзаното чукање на срцето.
Зголемени зеници
Зголемените зеници се уште еден знак дека партнерката ќе доживее оргазам. Иако тоа е тешко да се забележи во мракот, можете да ја замолите да ве погледне во очи пред самиот оргазам, а таа нема да го одбие тоа романтично барање.
Црвени усни
За време на сексот и пред доживување на оргазмот усните благо набабруваат и добиваат црвена боја. Но, и за време на бакнувањето може да се случи истото, така што можете да бидете понежен и да ги набљудувате нејзините усни за време на сексот, бидејќи тие можат да ви ја откријат вистината.
Грчење на вагиналните мускули
Ова е најголемиот индикатор од сите знаци, бидејќи ниту може да се сокрие, ниту пак да се одглуми. За време на оргазмот, жената доживува меѓу 3 и 10 вагинални и цервиксни грчеви, а првите се со најголем интензитет. Тие грчеви силно го стегаат пенисот, а тоа чувство е невозможно да се игнорира.
Потење за време на сексот
Ако почувствувате дека партнерката одеднаш почнува да се поти за време на секс, тоа значи дека е на врвот на напнатоста и дека мускулите и работат со полна пареа. Кога следниот пат ќе завршите целите испотени во кревет, тогаш тоа значи дека навистина уживала.
Знакови кои телото ги открива
Секоја жена различно доживува оргазам, некои во тој миг ги грчат ножните прсти, некои имаат неконтролирани изрази на лицето, а некои можат и да заплачат. Освен тоа, во мигот на врвот на задоволството, образите и вратот би требало да се зацрвенат.
Хиперчувствителност
Веднаш по оргазмот, клиторисот станува многу чувствителен, така што ако по оргазмот не го намали темпото или не престане со акција, најверојатно глуми.
Посторгазмички сјај
Многу е важно што прави партнерката по сексот. Дали веднаш станува од кревет и продолжува со секојдневните обврски или заминува во бања? Хемиската реакција на нејзиното тело и дава блескав изглед што се гледа во нејзиниот поглед, а ако уживала во сексот, ќе посака уште малку да полежи и да ужива во чувството.
Минимален разговор
Ако веднаш по сексот почне со весел разговор и сложени реченици, тоа е силен индикатор дека го одглумила оргазмот. По вистинското уживање во сексот, телото бара одмор, така што нема веднаш да биде расположена за разговор. Освен тоа, прегласните воздишки и стенкањето подеднакво се сомнителни, особено ако звучат како од порно филм, бидејќи сексот од порно филмовите не е вистински секс.
извор:popara.mk