Мора да сте слушнале дека бремените жени не треба да ја бојадисуваат косата поради хемикалиите кои се содржат во фарбите со цел да не му наштетат на бебето.Лекарите сметаат дека бојата на косата не е доволно долго во контакт со кожата за да ги направи состојките да се апсорбираат во крвотокот.Ако имате рана на кожата на главата, тогаш повеќе хемикалии ќе се апсорбираат, рече дерматолог Џенифер Мекгрегор.Но, дури и ако не сте бремени, не се препорачува да се бојадисувате ако имате рана на главата. Во други случаи, нема причина да се грижите.Некои тврдат дека бремените жени не треба да ја бојадисуваат косата во првите три месеци а д-р Синти Ѓамфи-Банер вели дека не е потребно да се чека три месеци да помине.
Професорите по гинекологија на Универзитетот Колумбија, Елен Џејкобсон Левин и Јуџин Џејкобсон, велат дека луѓето мислат така, бидејќи во првите три месеци се формираат фетусните органи.Ако сакате да бидете ултра-конзервативни, можете да почекате да поминат три месеци, но од професионална гледна точка нема потреба од такво нешто -велат лекарите.Судејќи според сите овие кажувања, нема доволно докази дека бојата на косата може на било кој начин да му наштети на бебето во стомакот на мајаката.Ако сеуште сте загрижени дека бојата може да му наштети на вашето бебе, можете да барате фарби за коса на растителна основа, кој не вклучува примена на бојата на коренот и на кожата на главата.