Астрологијата открива кој хороскопски знак е најперверзен, а кој најнежен во сексот.

Дознајте какви сте вие и вашиот партнер:

ОВЕН

Овните повеќе преферираат груб секс. Овој знак сака да ја почувствува енергијата на партнерот. Ако сте вљубени во Овен, не двоумете се веднаш да преминете од зборови на дела. Претставниците на овој знак секогаш се подготвени за експерименти, но пуштете ги да ги водат работите. Генерално, тие се верни партнери, исклучок е ако нивниот партнер не може да ја задоволи посакуваната сексуална енергија. Овните не можат да бидат во врска со некој кој не може да го следи темпото.

БИК

Биковите се сензуален знак. Сакаат нежен секс, а најдобра љубовна игра за нив е чаша вино, топло чоколадо или добар доручек. Најважно за нив е сексот да се одвива полека, без да се брза. Припадниците на овој знак се верни, додека партнерот не им се здосади. Сепак, тие не сакаат промискуитетни врски, затоа го ставаат квалитетот над квантитетот.

БЛИЗНАЦИ

Припадниците на овој знак се игриви во се’, вклучувајќи го и сексот. Добриот разговор за нив е афродизијак. Ако не успеете да ги освоите со зборови, тогаш не се обидувајте со друго. Тие сакаат еротски приказни, авантуристички секс со костими и маски. Не ги менуваат партнерите лесно, но тешко се решаваат на врска со некого.

РАК

Раковите се личности кои лесно ќе ги освоите на нивна територија, на пример во нивниот дом. Направете им го омиленото јадење и не брзајте, бидејќи Раковите сакаат се’ да се одвива бавно. За нив чувствата се позначајни од сексот, но не може да се каже и дека се најверните знакови во хороскопот.

ЛАВ

Лавовите сакаат луксуз и гламур. Одведете ги на убави места, а може и во природа. Ја обожаваат пригушената светлина, ставете им чаша вино и опсипете ги со милувања. Со други зборови- разгалете ги, бидејќи тие се кралеви меѓу животните. Не брзајте, бидејќи лавовите знаат точно што сакаат.

Не вреди да ги убедувате во ништо. Сакаат да гледаат порно филмови, но ретко со партнерот. Сакаат да учат нови работи и да се во тек со новостите, вклучувајќи го и со сексот. Никогаш нема да останат во врска или брак без емоции.

ДЕВИЦА

Припадниците на знакот Девица тешко се опуштаат. За тоа им помага убавата долна облека и пригушеното осветлување. Девицата сака внимание, ситни гестови и убави моменти. Овој знак има потреба од внимание, таа е една од најверните знаци.

ВАГА

Вагата сака секс секој ден. Тие не можат да се воздржат, но, и покрај тоа ги ставаат чувствата на прво место. Не ги интересира каде ќе водат љубов, најважно им е да се почувствуваат посакувани.

СКОРПИЈА

Скорпијата е еден од најпознатите перверзни знаци. Знаат како да го привлечат спротивниот пол, ги сакаат порно филмовите и експериментирање со различни пози. На овој знак му е потребен добар љубовник.

СТРЕЛЕЦ

Овој знак е авантурист, кој сака се’ да проба. Знае дека тоа не е можно да се случи само со еден партнер, затоа сака да ги менува. Се труди да биде отворен кон се’. Ги сака слободата и сексот, и ако партнерот не го поддржува во тоа или нема доволно енергија, нема да остане долго во неговиот живот. За Стрелецот сексот е многу важен индикатор дали во врската е се’ во ред.

ЈАРЕЦ

Јарецот е еден од најфините и апстинентни (воздржувачки) знакови во хороскопот. Тој е верен и со срце и со ум. Може со часови да размислува за претстојната романтична вечер или за нови пози, но само ако сака. Ако не се труди, значи не чувствува ништо кон вас. Тој е трпелив. За секс со Јарец може да чекате долго, но кога тоа се случи, ќе дознаете дека чекањето вредело.

ВОДОЛИЈА

Припадниците на овој знак сакаат да истражуваат. Овој знак не сака да чека за секс, но никогаш нема да го притиска партнерот. Ако сакате секс во лифт, во автомобил, на плажа, Водолијата е најдобар избор за вас. Еротските филмови се нивен омилен жанр.

РИБИ

Рибите се чувствителни. Тие сакаат нежни милувања во атмосфера на добра музика и чаша вино. Квалитетната храна е одличен афродизијак за нив. Проблемот е што лесно се досадуваат и губат интерес. Склони се кон паралелни врски, пред се’ за секс .