Интернационалниот Ден на мајките имаше посебно значење на албанската пејачка Туна Сејдиу – таа стана мајка по вторпат.
Туна и нејзиниот избраник Патрис Бериша станаа родители на уште еден син кој го доби името Зен.
Пејачкта како и за првата бременост, така и сега се породи во една приватна болница во Скопје од каде на својот Инстаграм сподели неколку емотивни фотографии од чинот на породувањето.
„Го молев Бога за маж кој засекогаш ќе ме сака. Тој ме благослови со двајца. Среќен Ден на мајките. Горда мајка на Тиан и Зен“, напиша туна во опсиот.
Инаку, Туна Сејдиу за прв пат стана мајка во 2017 кога го роди синот Тиан кој сега има четири години.