Радио Милева татко и син

Елена Миленковска го сподели моментот кога Гуте прв пат го виде синот, па потона во емоции: Машка средба со море од солзи… радосници! (ФОТО)

Елена Миленковска го сподели моментот кога Гуте прв пат го виде синот, па потона во емоции: Машка средба со море од солзи… радосници! (ФОТО)

Откако македонската пејачка Елена Миленковска и нејзиниот сопруг и „Гранд“ колега, Гуте Маринковиќ на почетокот на јуни за прв пат се реализираа како родители, среќната мајка и бебето веќе две недели се дома, во нивниот стан во Белград каде сега живеат.

Откако животот во соседството и српската престолнина полека се враќа во нормала по корона епидемијата, Гуте полека и се враќа на професијата – пеењето, настапите и ноќните клубски свирки, додека Елена е комплетно посветена на нивното новородено чедо, синчето кое го доби името Максим.

Иако со мало оправдано задоцнување заради обврските околу мајчинството, новопечената мајка реши на својот Инстаграм профил да го сподели можеби највпечатливиот и најемотивен момент по породувањето – првата средба на такото и синот, на нејзиниот сопруг Гуте со нивното синче Максим.

„Знам дека доцнам, но не ми забележувајте. Помина една седмица откако тројцата сме дома. Но, морав да го одбележам овој посебен момент, моментот кога двајцата првпат се запознаа.
Нема зборови за да се опише магијата што се случи во тој момент. Ќе го паметам овој ден по морето од солзи, солзи на среќа, исполнетост и љубов.  Ве сакам“ – напишала пресреќната мајка во описот на споделените фотографии.

А на фотографиите, вистинска магија, како што веројатно се случува само еднаш во животот… Кога за прв пат ќе се сретнат таткото и синот. Очи в очи, онака машки, кога таткото ќе го земе за прв пат в раце, во своите прегратки првороденото чедо.

Ерупција на чувства, внатрешен наплив на исконска убавина,  неописива обземеност со единствено блаженство, онакво какво што само Бог може да ти го дарува. Гуте и Максим, татко и син за прв пат лице в лице. Машка средба со бура од емоции и море од солзи… радосници!

 

To top