Љубов и Секс

Експертите велат дека со оваа поза во сексот жените полесно доживуваат оргазам

Експертите велат дека со оваа поза во сексот жените полесно доживуваат оргазам

Т.н. поза во сексот „CAT“ се споделува по „lifestiye“ порталите ширум светот, а причината е таа поради која гарантира задоволство кај дамите.

Американскиот психотерапевт Едвард Алчел, уште во 1988 година во „Магазин за секс и брачни терапии“, ја дефинирал т.н. поза „CAT“, која всушност е варијанта од популарната мисионерска поза.

Таа е осмислена така што ја максимализира стимулацијата на клиторисот во текот на односот, а подразбира телото од мажот да е поиздигнато во однос на женското тело.

Погледнете ја илустрацијата:


На тој начин при односот телото врши триење по клиторисот и ја зголемува веројатноста дека брзо ќе се постигне оргазам.

Како што истакнуваат сексолозите, оваа техника станала популарна поради тоа што во клиторисот се наоѓаат многу нервни завршетоци, а тој е чувствителен на било каков допир, па ваков начин на стимулација гарантира позитивен оргазам.

Покрај тоа, блискоста со партнерот е поголема, свртени сте лице со лице, кожата ви се допира во поголемиот дел, а тоа придонесува во интимноста и поврзаноста.

извор: точка.мк

To top