Љубов и Секс

Експертите откриваат зошто мажите изневеруваат за време на новогодишните прослави, дури и кога се во брак

Експертите откриваат зошто мажите изневеруваат за време на новогодишните прослави, дури и кога се во брак

Мажите губат интерес за врска кога чувствуваат дека се полни со енергија.

Ова е чувството што обично го имаат за време на разни прослави, вклучително и новогодишната, покажа истражувањето кое го објави „The Sun“.

Интимната возбуда им го префрла фокусот на краткорочен контакт со друга личност, дури и кога тој е во брак.

Во меѓувреме, нивните долгорочни мотивации нагло паѓаат, што значи дека е поверојатно да бараат врска за една ноќ отколку долготрајна тајна врска.

– Не беше важно дали мажите се во долга врска или не, сепак интимната возбуда ја зголеми желбата за љубов – изјавил истражувачот Арно Визман од Универзитетот во Кент.

Во неговата студија учествувале 102 стрејт мажи. На половина им биле дадени провокативни слики, додека на другите им биле прикажани тропски птици и спортови.

Повеќе од половина од оние кои го погледнале провокативниот материјал изјавиле дека повеќе ги интересира интимност на една ноќ отколку долготрајна врска.

Бројката падна на помалку од четири од десет за оние на кои им биле прикажани неутрални слики.

Извор: Попара.мк

To top